18 октомври, 2021

herald-logo

Осмели се да знаеш

10 работи што веројатно не сте ги знаеле за библиотеката во Александрија

Античката библиотека на Александрија е основана во  Египет и била одржувана и унапредувана како центар на знаење од кралството на Птоломеидите. Нејзината изградба е завршена во третиот век пред нашата ера.

Книгите отсекогаш биле составен дел од животот и идентитетот на секој човек. Цврсто веруваме дека повеќе карактери, перспективи и општествени околкности ја обликуваат нашата личност. Античката библиотека во Александрија, не е интересна само како библиотеката, туку и поради непроценливите информации што ги содржеше во врска со различните општества и култури во во тогашниот свет.

Околу 334 г.п.н.е., Александар ја напуштил својата родна Македонија за да го освои светот. Александар победил во повеќе битки и понел со себе историчари, географи и писатели од различни региони во светот за да документираат информации за различни општества и култури. Со помош на овие научници, тој го вовел светот во ерата на хеленизмот.

Што точно е  поимот хеленизам?

Хеленизмот може да се опише како грчко-македонска култура која се спојува со повеќе општества од Северна Африка, Блискиот Исток, Централна Азија и Индија. Библиотеката во Александрија броела повеќе текстови што претставувале спој на умствени пронајдоци на гореспоменатите општества.

1) Античката библиотека на Александрија била буквално масивна. Многу научници и филозофи од тоа време имале корист од ова собрано знаење бидејќи таму можеле да пронајдат навистина голема колекција информативни книги.

2) Античката библиотека е основана во Александрија, Египет. Градот бил унапредуван од страна на кралството на Птоломеидите. Исто така, таа била изградена во третиот век пред нашата ера.

3) Според различни стари извештаи, Александрија била уништена во огромен пожар пред околу 2000 години. Сите непроценливи книги на библиотеката се засекогаш изгубени.

4) Александрија некогаш била најголемата библиотека на античкиот свет. Имаше повеќе книги од најголемите светски мислители како Хомер, Платон, Сократ, итн.

5) Се верува дека Јулиј Цезар случајно ја запалил библиотеката. За да го спаси својот живот, тој заповедал на своите војници да ги изгорат египетските бродови. За жал, пожарот изгледол од контрола и се проширил во другите делови од градот, каде што се наоѓале и магацини, складишта и некои арсенали.

6) Според различни древни извештаи, библиотеката првично била организирана од Димитриј Фалерон, ученик на Аристотел, под владеење на Птоломеј I Сотер.

7) Според древните текстови кои го споменуваат присуството на Александрија, самата библиотека била жив интелектуален простор. Имало  градини, соба за јадење, читална, сали за предавања и разни сали за состаноци.

8) Библиотеката во Александрија го имала сето светското знаење. Александријците повеќето книги ги донеле од целиот свет. Ги чувале  оригиналните текстови и ги враќаа копиите на нивните соодветни сопственици.

9) Од уривањето на библиотеката, оваа тргедија прогонувала многу поети, историчари, патници и научници, кои жалеле за загубата на древното и вредно знаење.

10) Има една интересна теорија што се врти околу библиотеката во Александрија. Некои луѓе тврдат дека постоела само во имагинација, а не во реалноста. Недостатокот на физички или архитектонски доказ ги убедил некои да се запрашаат дали библиотеката воопшто и постоела.