18 октомври, 2021

herald-logo

Осмели се да знаеш

Најмалку 26 војници убиени во напад на Боко Харам во Чад

ббс

Нџамена, 6 август 2021 (МИА) – Најмалку 26 војници загинаа во синочешниот напад на терористичката група Боко Харам во Чад, во централна Африка, изјави портпаролот на армијата, Азем Бермандоа Агуна, пренесе ДПА.

-Четиринаесет други војници се повредени во нападот, изведне во регионот на езерото Чад, изјави армискиот портпарол.

Тој додаде дека десетици напаѓачи се убиени, но не даде конкретни бројки.

Исламистичката терористичка група Боко Харам е активна во североисточна Нигерија, а, исто така, почна напади и во Чад.

Бунтовниците од Боко Харам со години ја тероризираат нигериската држава Борно, во која изведуваат самоубиствени бомбашки напади и напади со тешко огнено оружје. Нигериската  војска се бори со Боко Харам повеќе од една деценија, но нема голем успех во тоа, додава германската агенција.

Со Чад во моментов владее привремен воен совет по ненадејната смрт во април на долгогодишниот владетел Идрис Деби Итно, а со негово претседава неговиот синот Махамат.

Чад, за поранешните колонијални сили Франција и Европа е земја богата со нафта, а многу сиромашна, е воено важен партнер во регионот Сахел, на кој му се закануваат бројни вооружени групи, пренесува ДПА