18 октомври, 2021

herald-logo

Осмели се да знаеш

ОН укажува на алармантната ситуација на југот од Сирија

Њујорк, 13 август 2021 (МИА)-  Пратеникот на Обединетите нации за Сирија, Геир Педерсен, оцени дека ситуацијата на југот од земјата е алармантна поради се поголемиот недостиг од основни продукти и конфликти и побара насилството веднаш да прекине.

За време на онлајн состанокот на хуманитарната работна група на ОН за Сирија во Женева, специјалниот пратеник ја изрази својата зголемена загриженост за развојот на ситуацијата на југот на земјата, пренесуваат француските медиуми.

„Поради засилувањето на непријателствата, особено употребата на тешка артилерија и ескалацијата на конфликтите на копно има жртви меѓу цивилите, а цивилната инфраструктура е оштетена“, се наведува во соопштението на Педерсен.

Владините сили од крајот на јули се обидуваат да напредуваат на теренот за да извршат напад врз Дараа Ал-Балад и голема населба во јужниот дел на градот контролирана од поранешните бунтовници.

-Илјадници цивили се принудени да ја напуштат Дараа Ал-Балад. Цивилите се соочуваат со сериозен недостаток на гориво, гас за готвење, вода и леб. Нема доволно медицинска помош за грижа за ранетите. Ситуацијата е алармантна, рече претставникот на ОН.

Во јужната провинција Дараа, лулка на бунтот против режимот на Башар ал Асад во 2011 година, кон крајот на јули имаше најжестоки конфликти откако таа беше вратена од владините сили.

Тие го освоија Дараа во летото 2018 година. Меѓутоа, според договорот постигнат преку Москва, на бунтовниците им беше дозволено да останат, некои повторно се приклучија на армијата, а некои ја задржаа контролата врз одредени делови од провинцијата.

Педерсен го повтори својот повик за итен прекин на насилствата