18 октомври, 2021

herald-logo

Осмели се да знаеш

Писателката Мили Хил беше ,,откажана‘‘ поради предизвикување на родово неутралниот јазик

Во ерата на идентитетската политика, родово неутралниот јазик е насекаде. Термините како „родител кој раѓа“ и „лице кое крвари“ се замена за зборовите „мајка“ и „жена“. Во нагонот за препознавање на сите можни родови идентитети, се губи биолошката реалност – и секој што ќе се спротивстави на тоа е малтретиран, прогонуван и ,,откажан‘‘.

Мили Хил е новинарка, феминистичка писателка и основач на Positive Birth Movement. Минатата година, таа беше отпуштена од добротворна организација за бременост и беше подложена на злонамерна кампања и прогонување преку Интернет, бидејќи го критикуваше родово неутралниот јазик

Спајкд: Што кажавте што доведе до Вашето ,,откажување‘‘?

Мили Хил: Во ноември минатата година, бев обележана во објава на Инстаграм поврзана со акушерско насилство. Акушерското насилство е насилство што се случува во контекст на породување. Тоа е тема за која многу знам, мојата втора книга ,,Раѓај како феминистка‘‘ се занимава со траумите при раѓање. Во објавата се вели дека „луѓето кои раѓаат“ се сметаат за кревок пол. Во објавата се зборуваше за раѓање како феминистичко прашање. Беше кажано дека акушерското насилство се однесува на моќта и патријархатот, што е апсолутно точно. Терминот „ранлив пол“ има своја феминистичка историја, и е‘ поврзана со жените. Тоа не се „луѓе“ на кои се гледа како на кревкиот пол. Тоа не се „луѓе“ кои се сметаат за садови за породување. Тоа се жени! И објавата всушност беше споделена на меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените.

Ја коментирав објавата и ја оспорив употребата на терминот „луѓе кои раѓаат“, особено на тој ден, бидејќи жените се сметаат за кревкиот пол, а акушерското насилство е насилство врз жените. Луѓето одговорија велејќи дека акушерското насилство може да биде против секого – жени, транс мажи и небинарни луѓе. Им реков дека мислам дека се работи за насилство врз жените, но дека ако луѓето не се согласат со мене, треба барем да кажат „жени и луѓе кои раѓаат“, а не да ги оставаат жените настрана. До ден -денес, се‘ уште не можам да видам како моите коментари започнаа  таква бура. Се разбира, акушерското насилство може да се случи кај луѓе кои не се идентификуваат како жени. Но, тоа е форма на насилство врз основа на полот, а полот против кој се случува насилството се жените.

Спајкд: Како после тоа работите ескалираа ?

Хил: Дула направи скриншот од објавата и после тоа, нештата полудеа. Дула е професионален придружник за раѓање. Всушност, сите луѓе што ме прогонувааво тоа време беа во истиот професионален свет како и јас. Имаше објава по објава која ме означуваше и ме обвинуваше за насилство, велејќи дека сум штетна, дека сум „немилосрдна во мојата борба против ЛГБТК луѓето“. Имаше и објави со осуда на оние што молчеа за моите коментари.

Луѓето велеа дека мојата книга треба да се фрли во канта, дека сум трансфобична, токсична, опасна, намерно предизвикувам штета, омраза, дека сум подла и дека не треба да ми биде дозволено пристап на километар од бремена личност. Потоа, организацијата за раѓање наречена Birthrights објави објава на Инстаграм за инклузивност, а ние сме соработници скоро една деценија. Беше јасно дека објавата се однесуваше на мене и дека Birthrights јасно зазела страна. Во 11 часот ноќе, добив писмо од извршниот директор во кое се вели дека добротворната организација не може да работи со луѓе кои не ги споделуваат нејзините вредности. Birthrights во основа велеа дека ја прекинува нашата професионална врска.

Спајд: Какво е чувството да бидете малтретирани преку Интернет поради вашите ставови?

Хил: Беше апсолутно ужасно. Се чувствував ужасно на лично ниво, бидејќи е неверојатно болно. Мислам дека не сум лоша личност. Во мојата работа во изминатата деценија, јас не заработив многу пари. Јас не сум политичарка или банкарка. Јас сум некој што се обиде да направи некое добро во светот и се обиде да ги подобри условите за жените. Така да, беше многу болно да бидам прикажувана на овој начин, речиси како Кејти Хопкинс од светот на раѓање. Навистина е тешко да се справите со тоа ниво на малтретирање.

Згора на тоа, постои страв од губење на егзистенцијата. Дури и сега, тешко е да се знае како ќе се одвиваат работите. Имам три деца. Не се тркалам по купишта пари. Не можам да си дозволам да не заработам ништо. Сето ова го чувствува толку дистописки. Морав да го повикам мојот книжевен агент и бев целосно подготвена да каже дека ќе се дистанцира од мене. Јас всушност и реков дека ќе разберам ако го стори тоа, бидејќи тоа е една од оние ситуации кога секој треба да се спаси себеси. Таа не тргна во таа насока, така што имав голема  среќа. Но, генерално, тоа беше ужасно чувство што предизвикува вознемиреност. Се чувствував навистина ранливо.

Спајкд: Зошто родово неутралните термини како „луѓе кои раѓаат“ се таков проблем, особено за жените?

Хил: Навистина е тешко да се разбере зошто тоа им се случува само на жените, нели? Тешко е да се разбере зошто луѓето кои пишуваат за здравјето на мажите се чини дека не се под ист притисок да го сменат својот јазик. Може да се каже дека се сведува на мизогинија, но тоа изгледа премногу поедноставeно.

Едноставно, не ни е дозволено да разговараме за тоа, што е само по себе огромен проблем. Затоа сакав да го прекинам молкот и да зборувам за овој проблем, бидејќи едноставно мислам дека не е во ред тоа што на луѓето што поставуваат прашања, даваат алтернативни ставови, им се закануваат и ги замолчуваат на ваков начин. Во светот на здравјето и бременоста на жените, промената на јазикот е од огромно значење. Сепак, ако не се согласите со тоа, ве откажуваат, ви се закануваат, ви кажуваат дека сте страшна личност.

Главното прашање е дека се менува значењето на зборот „жена“. Тоа го прави „жена“ во отворена категорија – категорија на која секој може да се придружи. Ако велите „жени и луѓе кои раѓаат“, велите дека не секој што раѓа е жена. Тоа е негирање на биологијата. Треба да се вратиме на основите: кога велиме „жени“, мислиме на речничката дефиниција за „жени“ – женски возрасни луѓе. Наместо тоа, идентитетот сега доаѓа над биологијата.

Разговорот беше воден од страна на уредништвото на Спајкд.