18 октомври, 2021

herald-logo

Осмели се да знаеш

Пропорционални избори и број на партии- кои модели се најпрепорачливи за т.н. големи и мали партии во Македонија (дел 5)

Во минатото истражување дадовме увид во симулации на резултати за големите и малите партии ако Македонија користи пропорционални изборни модели во една област и тоа моделите со најголемите остатоци употребувајќи таканаречени квоти на Хер, Дроп и Империјали. Сега ќе дадеме на увид анализа-симулација на употреба на методот на најголеми просеци. Тука ги анализираме ефектите на моделите со највисоки просеци, користејќи ја формулата Донт, Сенлиг, модифицираниот метод Сенлиг-Лагу и Данскиот, и методот Империјали.

 

Табела 1: Изборен модел со најголеми просеци во една изборна единица

 

Изборна година Број на партии во парламентот според постоечкиот изборен модел[1] Број на партии ако се користел моделот на Донт во една изборна единица Број на партии ако се користел моделот на Сенлиг во една изборна единица Број на партии ако се користел моделот на моддификуван Сенлиг во една изборна единица Број на партии ако се користел данскиот моделот во една изборна единица Број на партии ако се користел моделот на Империјали во една изборна единица
2002 7 10 15 12 16 8
2006 8 12 15 13 19 9
2008 5 5 11 8 13 4
2011 5 9 10 10 12 9
2014 6 9 10 9 11 7
2016 6 9 9 9 10 7
2020 6 7 7 7 10 7
ВКУПНО 43 61 77 68 91 51

 

Да се беа користеле моделите со најголеми просеци во една изборна единица, парламентот ќе беше имал многу повеќе партии отколку со постојната Донтова формула во шест изборни области. Вишокот се движи од највисоките 11 на изборите во 2006 година до најниските 3 во 2020 година (при употреба на данскиот модел) со вкупна разлика од 18 повеќе партии ако се употребувал моделот Донт, 34 Сенлиг, односно 25 за моддификуван Сенлиг во една изборна единица , 48  ако се користел данскиот моделот во една изборна единица и 8 повеќе ако се користел моделот на Империјали во една изборна единица.

Следно, ги анализираме ефектите што оваа модификација на изборниот систем ќе ги била имала врз поголемите политички партии.

 

Табела 4: Ефекти на големите четири партии во периодот 2002-2020 доколку се користеле изборни модели со најголеми просеци во една изборна единица

Помал број на пратеници ВМРО-ДПМНЕ (коалиција) СДСМ (Коалиција) ДУИ
Донт Сенлиг Сенлиг модифик. Дански Империјали Донт Сенлиг Сенлиг модифик. Дански Империјали Донт Сенлиг Сенлиг модифик. Дански Империјали  
2002 0 -3 -2 -3 1 -6 -10 -9 -11 -3 0 -1 -1 -1 0  
2006 -2 -5 -4 -6 0 -2 -3 -3 -4 0 -1 -2 -2 -3 -1  
2008 0 -4 -3 -6 1 3 1 2 1 2 -2 -3 -2 -3 -2  
2011 -4 -5 -5 -6 -2 -1 -2 -2 -3 0 -2 -3 -3 -3 -2  
2014 -3 -5 -4 -5 0 -1 -2 -2 -3 -1 -2 -2 -2 -2 -2  
2016 -3 -4 -4 -4 0 -2 -3 -3 -4 0 -1 -1 -1 -1 -1  
2020 -1 -2 -2 -3 0 -1 -2 -2 -4 0 -1 -1 -1 -1 -1  
Вкупно -14 -30 -26 -36 0 -11 -23 -21 -32 -2 -9 -13 -12 -14 -9  
  -34 -66 -59 -82 -11 Вкупно по изборен модел за сите големи партии

 

Користејќи ги моделите со најголеми просеци во една изборна единица во периодот 2002-2020 година, сите големи партии ќе имаа намален број пратеници во Парламентот, освен ВМРО-ДПМНЕ ако се бил користел медотод Империјали каде што бе би имале промена на бројот на парламентарци. Но во другите модели разликите се многу големи во негативна смисла. Најнегативно би било користењето на т.н. данскиот метод) каде ВМРО-ДПМНЕ ќе имала 36 пратеници помалку, СДСМ 32, а ДУИ 14 во однос на нивните историски резултати.  Всушност, при користење на моделите со најголеми просеци во една изборна единица со употреба на данскиот изборен модел најмногу би се намалил бројот на парламентарци на поголемите партии, а најмалку со Империјали. Во наредниот дел од истражувањето ќе погледнеме симулации за изборни модели по Донтовата формула но наместо во шест изборни единици ќе анализираме резултати во една изборна единица со и без изборни прагови.

 

Дел 5 од истражувањето на проф. Жидас Даскаловски за www.Herald.mk

Дел 1, Дел 2 Дел 3 Дел 4

[1] Донтов во секоја изборна единица засебно; бројот на партии се заснова на резултати каде коалициите предводени од ВМРО-ДПМНЕ и/или СДСМ се сметаат како една партија да освоила мандати.