18 октомври, 2021

herald-logo

Осмели се да знаеш

Состојките неоходни за живот на Земјата потекнуваат од друга планета

Повеќето од живото творните елементи на Земјата веројатно пристигнале тука како последица на планетарниот судир од кој произлегла Месечината. Петролозите сега заклучуваат дека Земјата најверојатно го добила најголемиот дел од својот јаглерод, азот и останатите важни испарливи елементи при судар со планета со големина на Марс пред повеќе од 4,4 милијарди години.

Откритието фрла нова светлина врз предизвикот за објаснување на почетокот на животот на Земјата и може да им помогне на научниците да разберат како може да се развие живот на други планети низ универзумот.

„Од студијата на примитивните метеорити, научниците уште од одамна знаеја дека Земјата и другите карпести планети во внатрешниот Сончев систем се испарливи“, рече коавторот на студијата Рајдип Даскупта.

„Но, за времето и начинот на кој тие испаруваат постои силно несогласување. Нашето истражување е првото сценарио што може да го објасни времето и испарливоста на начин што е во согласност со сите геохемиски докази “.

Научниците веруваат дека новата студија ќе има значајно влијание при потрагата по живот на други планети и месечини во универзумот.

Како што забележаа експертите, таканаречената „хипотеза за џиновски удар“ ни кажува дека месечината на Земјата е формирана од остатоците што пловеле околу нашата планета откако била погодена од планета со големина на Марс.

Новата студија сугерира дека космичкиот судир ги оставил зад себе најнестабилните елементи, кои истовремено се од суштинско значење за животот онаков каков што го знаеме на Земјата.

Се верува дека планетата која се судрила првобитната Земја имала јадро богато со сулфур.

Доказите во прилог на новата теорија произлегуваат од експерименти при висока температура и висок притисока. При вакви услови научниците можат да ги проучат геохемиските реакции што се случуваат длабоко во планетата под интензивна топлина и притисок.

Спроведувајќи овакви експерименти, авторот на студијата Даманвеер Гревал ги добил потребните докази во прилог на долгогодишната теорија дека испарливите елементи на Земјата се пристигнати по пат на судир со „ембрионална планета“ чие јадро богато со сулфур.

Присуството на сулфур кај планетата што се судрила со Земјата е важна поради збунувачката низа експериментални докази за јаглеродот, азотот и сулфурот  кои ги наоѓаме во сите делови на Земјата, освен јадрото.

„Јадрото не комуницира со остатокот од Земјата, но она што е над него, мантијата, кората, хидросферата и атмосферата, се меѓусебно поврзани“, рече Гревал. „Постојат материјални циклуси меѓу нив“.

Д-р Даскупта објаснува дека новата студија може да им помогне на научниците да разберат повеќе за тоа како состојките за живот, како што го знаеме, може да се формираат на други карпести планети слични на нашите.

„Оваа студија сугерира дека на некоја карпестата планета која е слична на Земјата, може да се внесат елементи од суштинско значење за животот, адоколку при нејзиното формирање таа планета е подлажна на судири и влијанија од планети“.

„Ова отстранува некои ограничувачки услови“, појаснува тој. „Тоа покажува дека живототворните материјали можат да пристигнат на површинските слоеви на планетата, дури и ако се произведени на планетарни тела кои претрпеле формирање на јадро под значително  различни услови“

„Тоа значи дека можеме да ја прошириме нашата потрага по патеки што водат до испарливи елементи кои се здружуваат на една планета за да го поддржат животот каков што го знаеме“.

Истражувањето е објавено во списанието Science Advances.