18 октомври, 2021

herald-logo

Осмели се да знаеш

Вие сте антихерои без татковина!

Живееме во чудни и тешки времиња. Времиња за кои немислевме дека ќе дојдат. Но наместо најавениот живот ни дојдоа овие мачни денови. Денес е најтешко да си Македонец во последните 100тина години сакале тоа да го признаеме или не. Потешко од денес можеби било во деновите на турското ропство. Но, како сѐ што дошло и прошло така и ова некогаш ќе пројде. Кога и како зависи од нас. Клептократијата и споил системот кој завладеа со Македонија дава мала надеж за брзи промени и напредок. Но не треба да се откажуваме. Професорката Сиљановска Давкова секогаш ни била интересна со нејзините објави и говори. Овој статус споделен на социјалните мрежи од денес не мотивира во борбата за правдина, демократија и мерит систем во кои нема место за клептократи и партитократи. Нејзините зборови не само што мотивираат туку и маестрално ја доловуваат сликата (рамката) во која живееме денес, не по наш избор туку по избор на селскиот итроман кој успеа да излаже доволно луѓе за да ја освои и задржи власта неколку години. Години во кои Македонија се промени неповратно. Со надеж за брзи и одлучни промени го споделуваме нејзиниот стаус.