18 октомври, 2021

herald-logo

Осмели се да знаеш

What the f*ck is conservatism?

Обидувајќи се да го објасниме значењето на конзерватизмот веднаш се соочуваме со парадокс. Иако постои рашина согласност меѓу претставнците на овој идеолошки светоглег околу тоа што треба да биде предмет на интерес на конзерватизмот, кого застапува и против што се бори, сепак е исклучително тешко да се дојде до определувачка дефинција за оваа идеологија. Тоа, пред се, се должи на одбивноста на конзервативците да се впуштат во теоризирање со големите идеали и системи. На пример, тоа е сушта спротивност на Марксистичките филозофи кои можат да го посветат целиот свој живот на определување на нивната политичка филозофија и општествен светоглед во една кохерентност на голема филозофска целина со редици дефиниции и определби.

Tерминот,,конзервативен‘‘ во македонскиот јазик има различни значења. Може да се однесува на умерено или претпазливо однесување, животен стил кој е конвенционален, прифатлив, па дури и конформистички, или пак одбивање и страв од промени во животот. Мајкл Оксхот, англиски  филозоф и припадник на школата на Британскиот идеализам, го опишал конзервативецот како некој што: ,,Го претпочита познатото пред непознатото, го препочита испорбаното пред непровереното, фактите пред мистеријата, вистинското пред потенцијалните можности, ограниченоста пред неограниченоста, блискоста пред оддалеченоста, доволноста пред раскошноста, сегашната комедија пред утопиското блаженство.‘‘ Како што може да се увиди од  оваа определба, конзервативецот се обидува да ги зачува (конзервира) аспектите од сегашноста (но, и од минатото) за кои смета дека се благородни, вредни и корисни.

Дваесетиот век ја однесе конзервативната филозофија на маргините. Тоа беше доба на големата идеолошка битка меѓу комунизмот и либерализмот, доба непресидентни промени и напредок во буквално сите сфери на човекото живеење, доба кое го измени значењето на тоа што е да се биде човек. Во овие трансформативни времиња немаше место за филозоско сфаќање кое во зборовите на големиот британски политичар и премиер Винстон Черчил: ,,го преферира минатото место сегашноста, а сегашноста место иднината.‘‘  По бурните 1960-ти, значително заживување на конзервативните движења евидентно е уште од раните 1970-тите, со политичката десница која ја поврати власта во голем број држави. Особено истакнати во овој поглед беа владите на Маргарет Тачер во Велика Британија (1979-90) и администрацијата на Роналд Реган во САД (1981-1999), кои практикуваа невообичаено радикален и дотогаш идеолошки непознат вид на конзерватизам, кој често се нарекува ,,нова десница‘‘. Неретки се заклучоците кои упатуваат на тоа дека нивната идеолошка парадигма всушност не може да се класифицира под конзерватизам, туку побргу би припаднала на либералните сфаќања за општеството кои претрпеле влијанија од конзервативни групи од интерес во споменатите држави.

Gyula Szabo, Dogma Festival (Garden of Ideologies)

Еден од најзначајните модерни проучувачи на елементите и вредноситите на конзерватизмот е Семјуел Хантингтон. Во своето дело ,,Конзервативноста како идеологија‘‘, Хантингтон тврди дека конзерватизмот не била тесна идеологија за оправдување на аристократскиот отпор кон Француската револуција. Kонзервативниот систем на идеи, служи за одбрана на воспоставените институции кога се нападните нивните темели. Се поставува прашањето кои се тие институции, кои елементи ги чинат вреностите на конзерватизмот? Нив, накусо можеме да ги систематизираме и разложиме на следниов начин:

  • Поредок, хиерархија и авторитет
  • Поредок

Kонзервативниот мислител верува дека постои траен морален поредок.  Тој поредок е направен за човекот, и човекот е создаден за него: човечката природа е константа, а моралните вистини се трајни. Овој поредок означува хармонија. Постојат два аспекта или форми на поредокот значаен за нашата егзистенција: внатрешниот поредок на душата и надворешниот поредок на општеството.

  • Хиерархија

Луѓето од сите општествени слоеви имаат улога во одржувањето на општеството, па низ зборовите на конзервативниот филозоф Едмунд Бурк, треба да го ,,сакаме малиот вод на кој припаѓаме припаѓам во нашето опшество‘‘. Конзервативците веруваат дека хиерархијата претставува функционален предуслов во општеството. Според тоа, социјалната еднаквост е отфрлена како непожелен и неостварлив идеал. Моќта, статусот и сопственоста се секогаш нееднакво распределени. Конзервативците ја нагласуваат природната нееднаквост меѓу поединците: некои се родени со таленти и вештини, а не други истите им се недостижни. Мора да има лидери и мора да има следбеници; во современ контакст, мора да има менаџери и мора да има работници; За таа цел, мора да ги има оние кои одат на работа и оние кои остануваат дома и ги воспитуваат деца. Затоа, вистинската социјална еднаквост е мит; во реалноста, постои природна нееднаквост на богатството и општествената положба, оправдано со соодветна нееднаквост на општествените одговорности. Работничката класа можеби нема да ужива во истите животни стандарди и животни шанси како и нивните работодавци, но, во исто време, на своите рамена не го носат троварот за обезбедување на егзитенција за своите вработени. Хиерархијата овозможува истовремено зачувување на целата заедница, наместо да се заштити еден дел на сметка на другите.

  • Авторитет

Верувањето на конзервативците во хиерархијата е зајакнато со нагласок врз власта. Без чувство на хиерархија и почитување на авторитетот, општеството ќе се впушти во состојба на анархија. Конзервативците, исто така, веруваат дека авторитетот ни овозможува да водиме поисполнет и поделотворен живот. Масата честопати е подготвена да предаде дел ос својата слобода за да ужива во благодетите на безбедноста, што исто така може да го објасни постоењето на општествениот договор.

Се верува дека власта е вкоренета во природата на општеството и на сите општествени институции. Во училиштата, авторитетот треба да биде наставникот, на работното место, работодавачот и во општеството во целина, владата. Конзервативците веруваат дека власта е неопходна и корисна, бидејќи на сите им треба водство, поддршка и сигурност. Така граѓаните знаат ,,каде стојат‘‘ во животот и што се очекува од нив.

Посебен акцент е ставен и врз лидерството и дисциплината. Лидерството е витална состојка во било која општеството, бидејќи тоа е способноста да се даде насока и да се обезбеди инспирација за другите. Дисциплината не е само безумната послушност туку доброволно и здраво почитување на авторитетот.

Конзервативците одбиваат политизација и вклучување на масата во управувањето со државата. Граѓаните се како деца во семејството – треба да се водат низ животот и дисциплинираат. Треба некој да ги научи да бидат свесни за своите обврски и задачи, а не само за своите права. Државното тело е природно и нужно и делува за доброто на граѓаните, но повеќето конзервативни ќе реагираат против неоправданото користење на владините овластувања. Владата мора да биде ограничена во тој смисол што нема да може и нема да смее да се обидува да ги промени човечки суштества во нивната есенција. Политиката треба да биде ограничена на смирувањето на конфликтот меѓу групите и поединците во заедницата, и не смее да биде зафатена со морално проповедање и пропагирање на сопствените идеали за тоа каков треба да биде човекот. За модерниот конзервативец Михаел Оекшот, владата не треба да се занимава со тоа што е морално правилно, бидејќи не е нејзина задача да ги превоспитува луѓето.

Philipp Foltz, Pericles’ Funeral Oration

  • Човековата природа и нејзината несовршеност

Конзерватизмот има песимистички поглед на човечката природа. За разлика од либералите, кои поединецот го гледаат како разумно битие, способно да се разбере и соработува со другите, со цел да го подобри својот живот и животот на целата заедница. За конзервативците сите ние сме со недостатоци и далеку од совршени. За право, во времето на просветителството, овие теоретичари ја отфрлиле рационалистичката претпоставка дека треба да бидеме оптимисти за човештвото и да се обидеме да ја подобриме нашата природа. Конзервативниот поглед на човечката природа во голема мера е заснован на католичката претстава за оригиналниот грев и библиски предупредувања за човечката злоба.

Други идеологии претпоставуваат дека човечките суштества се природно ,,добри‘‘ или дека можат да бидат ,,добри‘‘ ако се стимулирнаи од социјалните околности. Во својата најекстремна форма, таквите верувања се утописки и ја предвидуваат перфекцијата на човештвото во идеалното општество. Конзервативците ги отфрлаат овие идеи како, во најдобар случај, идеалистички соништа и ги базираат своите теории во верувањето дека човечките суштества се несовршени и грешни.

За нив луѓето ги минуваат своите животи со големи искушенија, секојдневно се борат со своите страсти и пороци, имаат склоности кон задоволство, неисполнување на должности, фрешни се во самољубието и самоуништувањето. Овие пороци според мислителите на конзерватизмот можат да се надминат само дисциплина, вера и институционални ограничувања. Затоа, за Бурк првата претпоставка за постоењето на општеството е истото праведно да ги заузда човековите импулси, да се ограничат нивните тенденции и човекот да ги потчини своите страсти на разумот. Човечките суштества можат да цивилизираат само ако се спречени да ги изразат своите насилни и асоцијални инстинкти. Конзервативците затоа ја нагласуваат улогата на традиционалните институции – семејство, црква, власт, компанија, училиште – чија задача е да развијат чувство на лична дисциплина, храброст и мотивација кај човекот и да ги потиснат или ограничат грешките што ги прават луѓето. Ова исто така значи дека конзервативците се сомневаат во слободата, бидејќи ги поттикнува девијантноста, промените и несигурноста. Така, конзервативците веруваат дека луѓето треба да бидат подготвени да ја жртвуваат слободата заради општествениот поредок. Несомнено, луѓето се морално несовршени. Ова значи дека традиционалните конзервативци веруваат дека луѓето се родени како себични и алчни, што може да се проследи до оригиналниот грев опишан во Библијата. Така, криминалот е резултат на основните човечки импулси. Луѓето мора да се одвратат од дејствување на анти-социјален начин со присилни одвраќања, како што се суровите кривични казни и употребата на телесна и смртна казна. Конечно, луѓето се интелектуално несовршени. Традиционалните конзервативци веруваат дека светот е премногу комплициран за човечкиот ум да го разбере и сфати. Затоа конзервативците фаворизираат идеи врз основа на традицијата и историјата, кои се испробани и тестирани наместо апстрактни концепти како што се еднаквоста или социјалната правда, што може да доведе до опасни промени или револуција. Современите конзервативци, како што е Маргарет Тачер, веруваат дека луѓето треба да се фокусираат на тоа да бидат индивидуи и дека ,,општеството‘‘ е апстрактен концепт. Сепак, некои конзервативци, како што е Едмунд Бурк, ги гледаат луѓето како дел од една огромна општествена заедница, кон која секој треба да придонесе за стабилноста и позитивна реализација на човековата природа.

Jacopo Tintoretto, Crucifixion

  • Традиција

Традиција е латински збор што означува предание или обичај. Во политолошкото и филозофското поимање истиот означува мноштво претстави, ритуали, навики и вештини на практични и општествени активности, предадени од генерација на генерација, делувајќи како еден од регулаторите на општествените односи. Важна задача за конзерватизамот е да ги брани традициите, да ги зачува воспоставените обичаи и институции. Само затоа што траат толку долго, институциите треба да се сочуваат. Историјата не е ништо друго освен стекнатото, пренесено и институционализирано искуство на генерациите. Либералите, од друга страна, тврдат дека социјалните институции не треба да се вреднуваат според тоа колку долго тие преживеале, туку според тоа до каде ги исполнуваат потребите и интересите на поединците. Ако институции не го поминат овој тест тие треба да се реформираат, или можеби да бидат отстранети. На пример, често либералите ја промовираат тезата дека монархијата е излишна институција во современиот свет и треба да се укине. Конзервативците пак, жестоко не се согласуваат, и од низа причини, веруваат дека Круната и ројалистичките институции треба да се сочуваат токму поради тоа што го преживеале тестот историја.

Традицијата значи давање предимсто на една подзаборавена група: нашите предци. Конзерватизмот одбива да се потчини на олигархистичкото сфаќање дека само оние кои во моментот се живи имаат залог во едно општество, или една држава. Традицијата, во оваа смисла, ја рефлектира акумулираната мудрост на минатото.

Конзервативците, исто така, ја почитуваат традицијата бидејќи создава, и за општеството и за поединецот, чувство на идентитет. Воспоставените обичаи и практики се оние што поединците можат да ги препознаат, и восприемат. Со тоа традицијата им овозможува на луѓето чувство на ,,вкоренетост‘‘ и припадност, кое е уште посилно, бидејќи е историски базирано. Институцијата на монархијата, на пример, генерира социјална кохезија преку поврзување на луѓето со минатото и обезбедување колективно чувство за тоа кои се тие, од кде доаѓаат и што ги поврзува.

Thomas Cole, A View of the Mountain Pass Called the Notch of the White Mountains

  • Родољубивост

Термин кој ни е почесто познат под латинскиот назив патриотизам. Поим со кој се означува позитивно чувство и поддржувачки став спрема татковината (латински: patria) од страна на поединци или групи. „Татковината“ (или домовина, родбина) може да биде една област или град, но родољубивоста вообичаено се однесува на народ или нација или држава. Родољубивоста подразбира ставови како: гордост за достигнувањата и културата, желбата за зачувување на карактерот и основата на културата и себепронаоѓање со другите членови на нацијата.

За конзервативците, човештвото е збир на нации, од кои секоја се стреми да одржи посебен карактер и уникатност, создавајќи природен пркос на сомневање кон намерите и однесувањето на другите нации. Конзервативците на националната држава не се сметаат само како политичко- територијална единица, туку морален поредок.

Додека национализмот и патриотизмот често пати се претставени како две страни од истата паричка, тие се сосема различни пристапи за тоа како поединецот се поврзува со неговата или нејзината земја. Национализмот е верност или љубов кон својата земја базирана првенствено на раса, етничка или веркса припадност. Патриотизмот е љубов кон својата земја врз основа на идеали, вредности и верувања.

 John Gendall – A View of London

  • Органицизам

Конзерватизмот е фундаментално анти-индивидуалистички и ја нагласува групата наместо поединецот. Конзервативците веруваат, како што беше објаснето претходно, дека човечките суштества се зависни едни од други и се суштества што посакуваат сигурност. Поради тоа тие мора да припаѓаат кон некоја заесница, да имаат ,,корени‘‘ во општеството. Поединецот не може да се одвои од општеството, туку е дел од општествените групи: семејство, пријатели или врсничката група, колеги или соученици, локална заедница, па дури и нацијата. Овие групи обезбедуваат индивидуален живот исполнет со релативна сигурност и животно значење. Како резултат на тоа, традиционалните конзервативците одбиваат да ја разберат слободата во смисла на ,,негативна слобода‘‘, во која индивидуата е ,,оставена сама на себе‘‘. Слободата е свесно и подготвено прифаќање на општествените обврски и врски во заедницата, така поединците ја препознаваат нивната вредност. Слободата подразбира ,,вршење на својата должност‘‘.

За конзервативците, семејството е основа на социјалните групи и општествените институции, производ на природната социјална состојба. Тоа им дава на сите членови сигурност и грижа, ги учи поединците на вредностите, должностите и на неопходноста од почитување на другите. Конзервативната перцепција на слободата ни укажува декане може да го ,,ослободиме‘‘ поединецот така што ќе го репуштиме сам на себе, туку да го виспитаме на начин свесно да ги прифати социјалните обврски и должности. Социјалните групи се обликуваат природно, што произлегува од природните потреби. Општеството постои пред поединецот, па следствено помага да се обликува индивидуалниот карактер и личноста.

Конзервативците традиционално го поимаат општеството како жива творба, организам, чии делови работат заедно како мозокот, срцето, белите дробови и црниот дроб во човечкиот организам. Па така, органското општество е обликувано, во крајна линија, од природна неопходност која ги дирегира законите на општествената организација по принципот на хармомија.

Како што досега согледавме, општо е познато дека конзерватизмот не е догматска реакција на псотојаниот општествен поредок. Се залага за подробни, умерени реформи, кои произлегуваат од неговиот кептицизам во врска со разуноста на човековото, како и вреднување на искуството, наспроти идеалите. Бурк тври дека ,,државата способност за некоја промена е без способност за нејзино зачувувањe‘‘. Но, промената мора да биде претпазлива, бидејќи знаењето на човека е несовршено, а последиците може да бидат ненамерни, но катастрофални по нашата цивилизација и поредок. Според конзервативците, институциите и моралот се развиваат, нивните слабости стануваат очигледни и очигледни политички злоупотреби се коригираат, но институциите на општеството од минатото отелотворуваат премолчена мудрост што заслужува почит, негување и славење. Конзервативците се скептични за легислативното, економското или културно планирање и репорграмирање на заедницата од големи размери, бидејќи однесувањето на актерите и институциите се развиле низ мудроста на генерациите, кои не можат лесно да се надминат без да предизвикаат несакани промени во општеството.

Pieter Bruegel, Villagers

 

Радован М. Спиридонов